Поради нефункционалност на електронската пошта на ЈП „Лајка”, граѓаните кои сакаат да пријават повредено куче, напад од куче, бездомно куче без ушна маркица и слично, можат да го направат тоа на prijavi@lajka.com.mk.

-Доколку пријавата е целосно пополнета ЈП „Лајка” ќе излезе на терен. Пријавите коишто се без фотографии, точна локација и општина, без име и презиме на пријавувачот се сметаат за непотполни и по истите нема да постапиме, информира ЈП „Лајка”.

За да се пријави каснување од куче потребно е да се приложи медицинска документација со потпис и печат од специјалист, не подоцна од 24 часа од каснувањето.