Се доуредуваат последните 150 метри од речното корито во Македонска Каменица

Се интензивираат градежни работи за регулација на последните 150 метри од речното корито на Каменичка Река, преку изградбата на “минор” и “мајор” коритото и целосното уредување на Кејот од Каменичка Река.

-Со тоа,  градот ќе добива сосема нов и урбан лик, а граѓаните на Македонска Каменица простор кој ќе го користат за прошетки, разонода и спортски активности, рече Соња Стаменкова, градоначалник на Општината Македонска Каменица.

Од Општината соопштуваат дека се работи и на подобрување на безбедноста на посетителите на новиот детски забавен парк.

-На новиот детски забавен парк, креиран со содржини и реквизити за деца од 4 до 11 годишна возраст, се поставува сигурносна метална ограда за подобрена безбедност на посетителите и заштита на поставените реквизити, додадоа од Општината.

По завршувањето на активностите на Градскиот кеј, надлежните најавија уредување на изградениот простор со повеќе паркови површини и зеленило, како продолжение на активностите кои се реализирани на повеќе локации во централното градско подрачје.