Метларката која ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција ја бараше вчера, е овде, во кругот на пречистителната станица во Штип, рече денеска директорот на ЈП Исар, Здравко Коцев, кој вчера беше прозван од опозициската партија да каже каде е фамозната метларка, купена за 86 илјади евра.

Со неа како што потенцира директорот постојано се чисти, а особено во населбата Баби на потег кој не бил чистен многу години.

Електричната метларка за чистење на јавни површини ЈП Исар ја набави во 2018 година, а може да замени осум работници и да исчисти површина од околу 8000 м2 за еден час.