Општина Дојранза прв пат доби инклузивно игралиште наменето за деца со попреченост.
„За првпат во Општина Дојран во соработка со АД “Окта” , преку проектот Биди инклузивен, биди инклудиран, кој е финансиран од ЕУ, се стави во функција првото инклузивно игралиште за деца со попреченост во нашата општина. Со ова детско игралиште ќе се унапреди вклучувањето на децата со попреченост во секојдневните спортско-рекреативни активности. Исто така, се овозможува простор за нивен правилен раст и развој, како и свеста за неопходноста од социјализирање и инклузија на децата со попреченост во општеството,“ информираат од локалната самоуправа.
Од тука додаваат дека во тек е изградба на уште едно инклузивно игралиште во градскиот парк во Стар Дојран, а во соработка со НВО Мобилност.