Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски со доделување на училиштен прибор и бонтон за деца им посака успешен почеток на првачињата на новата учебна година.

„Драго ми е што наставата со физичко присуство се рестартира и што учениците ќе учат од училишните клупи кои беа празни минатата година. Со почитување на сите протоколи ќе бидат обезбедени услови со високо ниво на здравствена безбедност за да се оневозможи инфицирање и ширење на коронавирусот. Се заблагодарувам на Халкбанка за донацијата на овие пакети со училиштен прибор за топло добредојде на новите ученици“, порача градоначалникот Христоски.