Главниот град Скопје, пример за нашите соседи како треба да изгледа еден модерен и современ град каде вело културата е застапена, а со тоа и обезбедената соодветна инфраструктура.

Не случајно го зборуваме ова погоре, затоа што на Фејсбук профилот насловен како „Спас за Софија“ која што е непрофита организација испраќа пофални зборови за Скопје каде што градот инвестирал во велосипедски патеки, за разлика од Софија каде центарот на градот е преплавен со паркирани автомобили и камиони.

„Годишно се градат 15 км нови ленти за велосипеди во Скопје, а во последните три години се изградени на 37 улици. Велосипедската мрежа таму веќе е долга над 100 километри, а Општината исто така обезбедува субвенции за набавка на велосипеди во вредност од 100 лева, а над 10.000 велосипеди се купени според овој механизам во последните неколку години. Како резултат на последователните мерки, околу 5% од сите патувања сега се вршат со велосипед, што сериозно го олеснува сообраќајот во хаотичниот главен град на Балканот“, стои во објавата на оваа организација.

Тие напоменуваат дека во Софија не се прави апсолутно ништо за развојот на велосипедската мрежа и стимулирањето за употреба на најеколошкиот и најевтин транспорт.

„Скопје има пет пати подолга велосипедска мрежа од Софија, во споредба со своето население, и јасно докажува дека мантрата како што се менталитетот, климата и недостатокот на простор се само шупливо алиби за неможноста на владата. Да ги поставиме работите на скала – 15 км нови патеки за велосипеди за Скопје се како 45 км за Софија. И ова за три последователни години – замислете за каква радикална промена и чекор напред станува збор?“, стои подолу во објавата.

Овде може да ја погледнете оригиналната објава на „Спас за Софија“.