Во насока на зголемување на транспарентноста и вклученост на сите граѓани во политиките на развој на Општина Македонска Каменица, во четвртокот се одржа форум на кој градоначалничката Соња Стаменова, одржа расправа за Општионскиот буџет за 2020 година.

На форумот учествуваа граѓани, советници, претставници од локалната самоуправа, претставници на невладиниот сектор и претставници на месните заедници, кои имаа можност да поставуваат прашања и да дадат предлози за општинскиот буџет.
„Ова е период во кој силно се насочивме кон нов систем на функционирање. Создаваме отворена и услужна општина за сите каменичани и градиме нов препознатлив имиџ на општина која е партнер на граѓаните, институциите и приватниот сектор“ , рече Стаменкова.

Во изминатиот период, тимот од Оптшината заедно со градоначалничката Стаменкова одржа средби со сите урбани и месни заедници. На ваков начин се слушнаа сите предлози на граѓаните, со цел да бидат вградени во општинскиот буџет за 2020 година, а граѓаните активно да бидат вклучени во креирањето на политиките. Во таа насока беше и јавната расправа, при што градоначалничката соопшти дека Буџетот е проектиран да ги задоволи потребите на граѓаните.

Оваа средба беше и во функција на отчетност на оштината за сработеното во изминатите две години. Градоначалничката ги спомена сите проекти кои се остварени но и долговите кои морале да бидат вратени. Заради подобрување на квалитетот на животот на граѓаните изградени се локални патишта, тротоари и паркинзи во градското подрачје. Големи вложувања има и во областа на образованието, што е од посебно значење за заджување на младите во Каменица.

„Комплетно е завршена изградбата на новото повеќенаменскоигралиште во школскиот двор на средното општинско игралиште Миле Јаневски Зингар, каде е поставена најсовремена стандардизирана подлога и опрема за кошарка по ФИБА стандарди. Исто така повеќенаменското играиште е осветлено за ноќно користење и целосно е завршена изградбата на заштитната украсна ограда во школскиот двор. Значително ја подобривме енергетската ефикасност во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“. После 35 год за прв пат целосно е заменета надворешната фасадна столарија на приземниот дел и системот за парно греење во училиштето. Спортската сала доби нов теренски под. Во средното училиште има нови компјутери во кабинетот по информатика. Неколку училници се реконструирани во соработка со рудник Саса. Редовно се доделуваат и награди за учениците и менторите кои имаат освоено прва, втора и трета награда на републичките натпревари.“

Буџетот за 2020 година беше усвоен на 27 декември и е во висина од 298.824.750 денари. Најголемите капитални приходи се планирани по основ на експлоатација на минерални суровини во висина од 123.000.000 денари. Со овој буџет за прв пат во општина Македонска Каменица се предвидени средства за енергетска ефикасност на јавни објекти во висина од еден милион денари. За изградба и реконструкција на улици и патишта во општината се предвидени средства од 48 милиони денари, за изградба на водоводи и системи за снабдување се издвоени 10 милиони денари, а за инфраструктурно уредување на индустриската зона во Каменица се предвидени милион денари. За уредувањто и доградба на кејот на Каменичка река ќе бидат издвоени 15 милиони денари.