И Струмица ја одбележува „Европска недела на мобилност“

Во организација на  општина Струмица, еколошкото друштво „Планетум“ и велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица, а во рамките на Европската недела на мобилност, која се одржува и одбележува насекаде низ светот, вчера беше одбележан 22 септември – Светскиот ден без автомобили.

На велосипедистите кои се собраа на градскиот плоштад, со својот велосипед, им се придружи и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Пред стартот на дефилето кое што се реализираше во централното урбано јадро на Струмица, Костадинов, апелираше до граѓаните, користењето велосипед и пешачењето, како убави навики, да бидат дел од нашето секојдневие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *