КУД „Панче Пешев” од Куманово учествуваше на Меѓународен фолклорен фестивал Варна

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев” Куманово од 30ти јули до 4ти август учествуваше на Маѓународниот фолклорен фестивал во Варна, Република Бугарија. На фестивалот учествуваа 10 ансамбли од седум земји, меѓу кои Колумбија, Индија, Грузија, Полска, Перу, Турција и Бугарија.

Фестивалот се одржуваше на летната фестивалска сцена во Варна и на сцената на Златни песоци.

КУД „Панче Пешев” се претстави со дел од својата богата програма претставувајќи го на најдобар можен начин богатиот македонски фолклор и традиција.

Фестивалот е еден од најреномираните во Бугарија, а под погровителство на CIOFF.

КУД „Панче Пешев” за своето успешно учество и успешна презентација на македонското фолклорно богатство се здоби со специјалната фестивалска Плакета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *