Засилени градежни активности во населените места во Општина Струмица

Нов асфалт на повеќе улици низ населените места е резултатот на последните градежни активности на градежаната оператрива ангажирана од Општината Струмица. Муртино, Сачево, Просениково и Банско се местата каде работи на асфалтирање на улиците, што е приоритет произлезен од средбите што општинската власт ги имаше со граѓаните.

Така, во Муртино се асфалтираа две улици, откако механизацијата заврши во Сачево, каде е завршено асфалтирањето на една улица. Работите продолжуваат во Банско каде што ќе се асфалтираат три улици, како и во Просениково, каде се реконструираат две улици.

-За овој период од 6 месеци за реализација се планирани вкупно 30 улици во населените места. Со жителите на Муртино споделив убава вест за обезбедени 60 милиони денари од Министерството за животната средина за изведба на атмосферска канализација кој што е сериозен проблем во селото.Истовремено работиме и во градот, за асфалтирање и бетонирање се подготвуваат неколку улици во Турското маало и на други локации, соопшти градоначалникот Костадин Костадинов.