Куманово: Ракометарките на средба со претседателот на Советот на општината

Ракометарките на Куманово денеска се сретнаа со претседателот на Советот на општината, Александар Арсиќ кого го запознаа со своите минатогодишни успеси, но и упатија барања претстојната сезона да ги добијат ветените средства кои се’ уште не им се исплатени.

Локалната самоуправа одделува вкупно 18 милиони денари од својот Буџет за поддршка на спортските клубови, но само 10 милиони одат за професионалните спортови, меѓу кои и кошарката и ракометот. Нерманомерната распределба е најгорчливиот проблем за клубовите. Според управата на ЖРК Куманово, ветените финансиски средства како поддршка од минатата сезона се уште не ги добиле, па затоа денеска остварија средба со претседателот на советот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *