Градоначалникот Јаневски на традиционалниот хуманитарен божиќен концерт „Божиќна евровизија“

Во центарот за култура „Антон Панов“, се одржа традиционалниот хуманитарен божиќен концерт во организација на Младинскиот совет, а под покровителство на општина Струмица.

На концертот насловен „Божиќна евровизија“ учествуваа седумдесет ученици од средното општинско училиште „Јане Сандански“ кои под менторство на  професорите Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова изведоа познати евровизиски хитови.

Во полната сала беа и градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот кои со донирањето пари уште еднаш ја потврдија својата хуманост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *