Прво место за младите фолклористи на радовишкиот ансамбл „Ацо Караманов“ на меѓународниот фестивал во Банско

На 28. Меѓународен фестивал „Morning Star“ во Банско, Република Бугарија, младите членови на фолклорниот ансамб „Ацо Караманов“, во голема конкуренција, го освоија првото место во категоријата народни танци.
Фестивалот во Банско траеше пет дена, а на него својот уметнички талент во осум категории го презентираа околу 2.500 млади од повеќе земји, како Македонија, Грција, Бугарија, Украина, Шпанија…