Светиниколчани се’ уште ја памеметат големата поплава , која пред шест години ја однесе покуќнината на стотина куќи. Обилниот дожд предизвика излевање на реката, што можеше делумно да се ублажи со редовно чистење на коритото. Во оваа функција е набавката на повеќенаменскиот ровокопач, кој е една од трите машини што денеска беа предадени на ЈКП „Комуналец“ од Свети Николе.

Директорот на јавното претпријатие, Александар Давитков вели дека новите машини се особено значајни за работата на претпријатието, но и поради фактот дека се набавени пред зимата, период кога тешко се решаваат дефектите на водоводната мрежа.

-Добивме три возила, едното е скип, градежно возило кое се набавува после неколку години  за потребите на ЈКП „Комуналец“. Нашата основна дејност е одржување на водоводот,која ќе ни овозможи експресно решавање на дефектите. Другата машина е косилка, која ќе ни помогне во држувањето на зелениото на градот. И третата машина е набивач, која се употребува при поставување на бекатон и при поправки на улиците, изјави директорот Давитков.

Трите машини чинат 78.000 евра, средства кои се обезбедни со кредит од Светска банка. Градоначалникот Сашо Велковски објаснува дека претходната власт на Свети Николе го има земено кредиот од 800.000 евра  пред неколку години за изградба на две улици, средства што од минатата година оваа општина почнала да ги враќа.

-Грантот е добиен врз основа на искористенот на кредитот од Светска банка, врз основа на тоа дека редовно го отпшлажаме тој кредит од 800.000 евра.Тие парични средства ги употребивме за набавка на нови машини. Јавното комунално претпртијатие со години наназад нема набавено никаква механизација. Се трошат големи парични средства за одржување на постоечките. Се надевам дека со овие машини комплетно можеме да интервенираме на сите локации каде што е потребно и  секако во интерес на граѓаните, изјави градоначалникот Велковски.

Механизацијата на ЈКП „Комуналец“ во просек е стара над 15 години, а проблем е што со секојдневната употреба дел од машините повеќе се на паркинг, неисправни, од што се во употреба. Општината Свети Николе, како што најавува градоначалникот Велковски планира да набави нови машини.

-Со цел да можеме навремено да ги сервисираме услугите кон граѓаните и вработените поквалитетно да одговорат на потребите на граѓаните, заедно со директорот сме во права насока, на прав пат, да набавиме камиони за комуналното претпријатие. Секако, ако го имаме во предвид дека ЈКП од минатата година го одржува и јавното осветлување, планираме во скоро време да набавиме и возило за одржување на јавното осветлување, кажа Велковски.

Со пари од Светска банка, Општина Свети Николе ги обнови улиците „Крсте Мисирков“ и „Младинска“.