Во новиот серијал на „Маалски муабети со Петре Шилегов“ градоначалникот е на маалски муабет со Војо Иванов во населбата Тафталиџе.
Скопскиот градоначалник откри дека живее на улицата Мексичка од 1996 година, додека претходно живеел во населбата Бутел.
Војо раскажа како се родила љубовта кон животните. Вели дека се сеќава на местото пред да започне изградбата на трговскиот центар „Лептокарија“, тоа било полјана на која доаѓале циркузи во градот, и тоа било една од првите средби со големите животни од циркузите. Тој вели дека сега повторно се споил со слоновите, овој пат со пензионираните слоници во скопската зоолошка градина Дуња и Даела.
Скопскиот гардоначалник раскажа и од која тезга на пазарот во Тафталиџе најчесто пазарувал, потсетувајќи се со Војо на асоцијациите за Скопје.
„Ден денеска пазарам на пазарчето во Тафталиџе повеќе од 20 години и тоа од една и единствена тезга, кај нашите сограѓани Насер и Амир од Нерези, тукашни карпошани“, рече Шилегов.
Градоначалникот истакна дека од скопската зоолошка градина направиел малку поинаква од онаа што ја знаеме, похуманиот третман за животните на ограничениот простор во зоолошката. Како најдрага работа која била направена за Зоолошката вели Шилегов е промената на живеалиштето на волците.
„Инаку ми се доаѓа што во Зоолошката успеавме фламинга да донесеме, пингвини нешто што го немаше во градот“, рече градоначалникот.
Како тема на разговорбеше и темата со Вардариште која што е минато, и од таму се роди приказната со ЈП Лајка.
„Направивме стационар каде ретко каде во Европа има, и тој стационар функционира оперативно 7 до 8 месеци. Драго ми е што направивме добар фундамент за решавање на проблемот со бездомни кучиња, реално е да не може да се очекува проблемот со бездомните кучиња да се реши за седум месеци кој се таложел со децении, успеавме да најдеме заеднички јазик со љубителите на животните. Јас сметам дека до некој среден рок проблемот со бездомните кучиња ќе го немаме, затоа што сме во постојана кампања з апсовојуавње на улични животни. И тоа функционира. Започнавме со 1716 кучиња скитници на улица ги пребоивме кога ја отворивме Лајка, ќе направиме пресен на една година да видиме колку сме успеале да ја намалиме“, вели Шилегов.
За повеќе може да погледнете од видеото подолу: