(ВИДЕО) #ВЕЛОСКОПЈЕ: На велосипед 240 денови годишно без дожд и снег

Иако периодов температурите во главниот град се типични за зимскиот период, тоа не мора да значи дека велосипедот не треба да биде вашето превозно средставо. Дали да стигнете до вашето работно место или пак рекреативно да извозите една од градските рути низ Скопје, временските услови не треба да бидат пречка да го користите вашето економично и еко превозно средство за да стигнете од точка А, до точна Б.

„Скопје како град поседува совршена географска поставеност за возење со велосипед. Просечно 240 денови годишо без дожд или снег. Просечна годишна температура од 13 степени“, стои во пораката оставена во видеото од Град Скопје посветено на #ВЕЛОСКОПЈЕ – Возење со леснотија и уживање.

За љубителите пак на планинскиот велосипедизам може да ја користат и првата „UPHILL“ нагорна пионерска велосипедска патека на Водно. Оваа патека е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. Новата планинска велосипедска патека е со променлива широчина (најмногу до 3 метри), со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица се до Средно Водно. Направена е согласно сите стандарди, а наменета е исклучиво за велосипеди и исклучиво за движење во еден правец – нагоре.

Придобивките од користње на велосипедот како превозно средство, ќе ги почувствувате самите. Твојот велосипед те чека!

#ВелоСкопје. Скопје како град поседува совршена географска поставеност за возење со велосипед.

Posted by Град Скопје on Friday, December 18, 2020

Фотографија: Фејсбук Град Скопје