Во тек е поставување нова водоводна мрежа во село Таринци.
Со изградба на нова водоводна линија во должина од 300 метри, Ф-90, ќе се подобри водоснабдувањето кај 20 домаќинства.
Вкупна вредност на инвестицијата изнесува 250.000, средства од општинскиот буџет.
Неделава беше потпишан и договор со изведувачот на работите за регулација и доуредување на Козјачка река во село Карбинци на потегот од плоштадот и стадионот во должина од 150 метри.
Со реализација на овој проект селото Карбинци ќе добие сосема нов лик. Но и поголема безбедност за жителите од поплави.