Изградени повеќе од 5 километри улици и патишта во повеќе населени места во општината, спортски игралишта, нова урбана опрема, почеток на реконструкција на мостот на Козјачка Река кај селото Долни Балван, уредување на коритото на оваа река,  изградбата на 18 км цевководи со што осум населени места ќе се поврзат со ХС Злетовица, изградба на  нов водовод за плачковичкиот регион подобрување на уличното осветлување, парична поддршка за учениците, подобрување на безбедноста по улиците и патиштата во општината, се’ само дел од проектите кои се реализирани или се во тек а се дел од активностите  во рамките на работата на општината и градоначалникот Виктор Паунов, којшто реализира една година од доаѓањето на чело на оваа рурална локална самоуправа, Општина Карбинци.

Обезбедени биле и финансиски средства и за други крупни проекти кои треба да се реализираат во следниот период.

„Реконструкција на клучниот патен правец Долни Балван – Таринци со изградба на пешачко велосипедска патека, доградба на детската градинка ,,Кокичиња” за уште 50 дечиња, нов резервоар за вода со цевковод за селата Долни Балван и Нов. Караорман, реконструкција на главната улица во должина од 500м со атмосферска канализација во Таринци, електрификација на локалитетот ,,Баргала”, најави карбинскиот градоначалник.

Во овој период од едногодишната работа, додава Паунов, обезбедена е и техничка документација за уредување на каналот

,,Герен” во Д.Балван, доградба и реконструкција на ПУ ,,Страшо Пинџур” Таринци, нова детска градинка со капацитет од 100 деца во Карбинци. велосипедско пешачка патека Таринци – Карбинци во должина од 1,8 км, целосно осветлување на речното корито на Козјачка река во Карбинци.

Тој потенцира дека во Општина Карбинци, веќе една година не се користат репрезентации за кафеани, службени телефони и возила за лични потреби.