Во време кога пожарите беснеат во нашата земја, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов сподели видео од новото специјализирано противпожарно возило за Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
„Безбедноста на граѓаните е наша примарна задача. Токму затоа влогот во ново специјализирано противпожарно возило кое е опремено со 45 метарска противпожарна скала, според сите европски и светски стандарди за безбедност, значи навистина многу за безбедноста на нашите сограѓани и нивните имоти, но и за спасувачите од противпожарната бригада“, напиша Шилегов.
Со ова возило пожарникарите конечно можат да интервенираат кај граѓани кои живеат над петтиот кат, проблем кој за жал досега беше многу тешко решлив, а максималната височина скалата ја достигнува за само 20 секунди, што го прави целиот процес на интервенирање побрз и поефикасен.