Во општина Чаир реконструирани се улици со вкупна површина од 9.300 метри, со инвестиција од 573 милиони денари, информираат од Град Скопје.
„Особено сме горди дека и во Општина Чаир, чекор по чекор улиците го добиваат својот нов изглед и нивниот хаос полека станува минато. Со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот, работевме и на поставување и реконструкција на велосипедски и пешачки тротоари на вкупна површина од 15.900 метри. Од особена важност како во останатите општини така и во О. Чаир беше и уредувањето на зелената јавна површина од 63.000 m2 со 1.680 нови садници, изградбата на подобрување на водоводната и канализациона мрежа како и целосната реконструкција и опремување на училиштето Цветан Димов“, велат од Град Скопје.