Нов парк под црквата Свети Спас почна да се гради денеска во штипската населба Ново Село.
Директорот на ЈП Исар, Здравко Коцев, вели дека овој парк ќе биде направен целосно со средства на претпријатието, а ќе биде поразличен и ќе служи за рекреација на жителите.
-На ова место вообичаено се паркираа автомобили бидејќи е бесплатно, но ние решивме да направиме парк и да го уредиме. Ќе поставиме клупички и разна урбана опрема, а ќе го опремиме и игралиштето што е овде. Ќе има трева, цвекиња, различен вид на хортикултурно уредување и осветлување, рече директорот Коцев.
Паркот за кој најмногу ќе се радуваат најмалите, ќе биде заграден, со цел тие безбедно да се забавуваат.