Во тек е рехабилитација на улицата „Партизанска“од кружниот тек кај Дујлето во правец кон населбата Сењак во Штип.
Директорот на ЈП Македонија пат, Беким Мемети и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски направија увид во реализацијата на овој проект. Овој пат, се рехабилитира преку програмите на Ј.П Македонија пат, бидејќи се работи за транзитна улица.
„ Ова е многу значаен проект зошто ја подобрува инфраструктурата во Центарот на градот, секако со целото хортикултурно уредување кое што го работи општина Штип. Иневстицијата за рехабилитација на оваа улица ќе чини пет милиони денари,“ рече Боџварски.
Според директорот Беким Мемети, Ј.П. Македонија пат, во овој период е доста активно во Источниот регион.
„ По рехабилитацијата на улицата „Партизанска“ исто така преку програмите на Македонја пат ќе продолжиме со рехабилитација на булеварот Гоце Делчев,“ информира Мемети.
Тој најави дека по 30 години, ќе биде асфалтиран патот до манастирот Лесново.