Град Скопје заедно со UNDP MK, Embassy of Sweden in Skopje и Министерство за животна средина го реализираат проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје”. Овој проект обезбедува финансиска поддршка на домаќинствата од Лисиче кои се греат на огревно дрво, јаглен, нафта или отпад со цел замена на старите грејни тела, со нови енергетски поефикасни, а на избраните домаќинства им се помага и да ги заменат старите (дрвени) прозорци и врати поради зголемување на енергетската ефикасност во објектите во кои живеат.