Во организација на Фудбалската федерација на Македонија, а со поддршка на општина Струмица, на фудбалското игралиште со вештачка трева во Струмица се одржа Трофеј турата како дел од промотивните активности за Скопје Супер Куп 2017 кој ќе се одигра на 8 август во Скопје.
На овој несекојдневен настан учество зедоа поголем број деца од локалните клубови кои играа фудбалски игри на различни делови од игралиштето. Учесниците и посетителите ќе ги поздрави вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.