Со средства обезбедени од сопствениот буџет, општина Дојран ќе го враќа некогашниот сјај на најстарата плажа на дојранското крајбрежје.
„Негувањето и враќањето во полн сјај на старите вредности, го заживува духот на традицијата и ја зголемува туристичката понуда,“ велат од локалната самоуправа.