ЈП Комунална хигиена – Скопје, реализираше активности за рачно и машинско миење на поголемите верски исламски објекти на територијата на град Скопје, во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
-Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, екипите на ЈК Комунална хигиена – Скопје и оваа година спроведоа засилени активности за чистење на исламските верски објекти. Ја користам оваа прилика на сите муслимански верници да им го честитам претстојниот празник, со надеж дека сите заедно преку одговорно и внимателно однесување ќе придонесеме за одржување на хигиената и чистотата во нашите верски објекти и на тој начин ќе го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите семејства, изјави директорот на Комунална хигиена – Скопје, Абдусамед Шабани.
Со три автоцистерни и едно специјално комунално возило, беше извршено миење на дворовите и непосредната околина на џамиите Мустафа Паша и Мурат Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Хусеин Шах во Сара, џамијата Дуќанџик.