Јавниот превоз во Скопје денеска и утре по неделен возен ред

Јавниот превоз денеска и утре ќе сообраќа по неделен возен ред – соопшти Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

Денеска дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Како што информира ЈСП, во четврток, за Божиќ, билетарниците нема да работат.