Осветлување и видео надзор ќе добие археолошкиот локалитет „Баргала“. Проектот доби зелено светло на седница на Советот на Центарот за развој на Источно Планскиот регион.
Вкупната сума на оваа инвестиција изнесува 6.870.000 денари. Средствата се обезбедени преку Центар за развој на Источно плански регион и 10% учество од Буџет на општина Карбинци.
Со комплетното реализирање на овој проект , археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе биде осветлен и видлив за посетителите и во ноќните часови.