ЈП Комунална хигиена-Скопје вечерва започна активности за машинско и рачно миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на општината Чаир. Активностите ќе се спроведуваат во текот на целата ноќ, во рамките на третата смена, со помош на три автоцистерни наменети за машинско миење и две автоцистерни наменети за рачно миење на улиците.
„Во периодот на рамазанските пости, во текот на денот вообичаено забележуваме зголемена фреквенција и движење на граѓаните. Од овие причини, во координација со општината Чаир, нашите екипи ќе спроведат засилено машинско и рачно миење на улиците и булеварите во оваа скопска општина“, информираат од ЈП Комунална хигена – Скопје.
Главен приоритет на ЈП Комунална хигиена-Скопје е одржувањето на јавната чистота и заштитата на здравјето на граѓаните и се надеваме дека нашите вонредни активности ќе придонесат за намалување на ширењето на вирусот Ковид-19.“ – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.