Веќе се наѕира свежината и убавината која што ќе ја зрачи новата зелена рекреативна зона во градскиот парк во општина Дојран.
Во завршна фаза се градежните работи за патерно и хорикултурно уредување.
„Градежните активности се извршуваат со финансиска поддршка на Европската Унија и државата преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Со реализацијата на овој проект за кој Општина Дојран беше највисоко рангирана при селекцијата,значително се измени и подобри ликот на централното градско подрачје“ информира градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.
Од локалната самоуправа информираат дека наредните денови се очекува да се постават детските реквизити и осветлувањето на паркот со што истиот ќе добие еден нов, модерен и урбан лик.