Поради зголемениот водостој на водата на Козјачка река, привремениот премин преку реката во село Карбинци се забранува за користење, информираат од општина Карбинци.
Се препорачувана на жителите за премин да се користи мостот кој се наоѓа на горниот дел од селото на регионалниот пат.
Општина Карбинци преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралните средини во 2018 година обезбеди средства за изградба на нов мост и пристапна улица во село Карбинци.
Вкупната вредност на проектот изнесува 22.716.556,00 денари.
Поради одредени објективни проблеми со изведувачот, проблеми предизвикани од кризата со КОВИД 19, изградбата на овој објект е забавена. За забрзување на изградбата склучен е Анекс на договор со изведувачот Џови Компани ДООЕЛ, кој се обврзува до 30 јуни 2021 год да го заврши овој објект.
Од општината бараат од жителите на Карбинци да имаат разбирање и во иднина да го користат единствениот мост кој се наоѓа на регионалниот пат.