Заврши изградбата на пристапна улица до училиштето “Страшо Пинџур” во Карбинци во должина од 180 метри и ширина 5 метри.

На крајот од улицата е изграден паркинг за потребите во училиштето.

Асфалтирано е повеќенаменско спортско игралиште во училишниот двор, следува фаза на поставување реквизити.

Вкупната вредност на овие инвестиции изнесува 3.350.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Карбинци.

Со оваа инвестиција се зголемува безбедноста и сигурноста на учениците, наставниот кадар и учениците добиваат уреден простор за спорт и рекреација.