Резултатите од најновото истражување кое што го спроведе Центарот за граѓански комуникации уште еднаш потврдија дека Струмица е меѓу најтранспарентните општини во Република Македонија. Во истражувањето биле вклучени 97 институции (општини, министерства и Владата на Република Македонија. Според степенот на активната транспарентност, општина Струмица спаѓа во најдобрата група со многу добра активна транспарентност.
Под активна транспарентност се подразбира објавување информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Преку ваквата транспарентност се објавуваат информации за регулативата и одлуките на властите, со што се остварува правото на граѓаните да бидат информирани за своите права и обврски во општеството, информации кои што им се потребни на граѓаните за да бараат одговорност од властите, информации кои што им се неопходни на граѓаните за да можат да учествуваат во процесот на донесување одлуки и информации кои што им се потребни на граѓаните за да можат да пристапуваат кон услугите кои што ги нудат јавните институции.
Општина Струмица од секогаш била транспарентна и отчетна кон своите граѓани и редовно објавува информации за нејзините активности и трошењето на јавните пари, на тој начин промовирајќи ги принципите на добро владеење и интегритет, а со тоа станува поефикасно затоа што подобро управува со информациите со кои што располага. Доброволно објавените информации кое што го практикува општина Струмица, им помагаат на граѓанските информации и на новинарите да изработуваат и објавуваат истражувања кои им помагаат на граѓаните подобро да го разберат функционирањето на општината, своите права и обврски, но и како да имаат полесен пристап до услугите кои што се нудат.
Според истражувањето по региони, Југоисточниот плански регион се наоѓа на второто место, а во него општина Струмица се наоѓа на првото место.