Со средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, село Дедино доби нова афалтирана улица. Улицата е во должина од 200 метри , широка 4 метри а предвиден е и потпорен ѕид од 60 метри со висина од три метри.
Вредноста на проектот е еден милион денари од кои 200.000 денари обезбеди општина Конче.
Од средствата што државата ги доби од ТАВ а беа распределени по општините, општина Конче доби 290 илјади евра. Овие средства се наменети за изградба на фекална канализација за дел од општинскиот центар Конче.