Пеперутки, принцези, пчелички, спортисти, беа денес дел од заедничката забава и дружба на плоштадот во Општина Конче.

Повод за заедничката дружба беше денот на шегата, Први април која што и оваа година ја обоија со своите маски, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ и градинката „12-ти јули“.