,,И смарт и спорт“ е проектот со кој ОУ „Страшо Пинџур“ -Карбинци го освои третото место на онлајн натпреварот организиран од Британскиот совет во соработка со министерството за образование.
Натпреварот е дел од проектот„Училишта на 21 век“.
Целта на проектот е намалување на здравствениот ризик од несоодветна и претерана употреба на смарт уреди кај децата и обезбедување релевантни информации и развиена свесност за живот во хармонија со природата.
„ Целта на проектот ,,И смарт и спорт“, се однесува на мотивирање на учениците и родителите, да се заштитат и да делуваат превентивно во прекумерната употреба на смарт уредите. Всушност проектот се состои од изработка на два уреди, уред за родител и уред за дете. Овие два уреди се изработени со помош на micro:bit и комуницираат меѓу себе. Уредот од детето го мери времето кое што тоа го има поминато на игри со смарт уред, таа информација ја праќа до уредот на родителот и во зависност од времето поминато на уредот, се сигнализира со слика и тон и уште поважно е што поважно е што понатаму се мотивираат, односно уредот на родителот избира одредена спортска активност, која што потоа ја праќа до уредот на детето. На тој начин тие подоцна по играњето имаат еден вид обврска заеднички да поминат време во одредена спортска активност,“образложи наставничката Светлана Ј.Бинова, инаку ментор на тимот, заедно со учениците Мелани Пешова и Даниел Велинов.
Придобивките, додава Бинова, би ги користеле децата, родителите и заедниците во целина затоа што во време на брз технолошки развој и примена на паметните уреди во секоја сфера од живеењето неспорно е дека нашите деца треба да бидат во тек со истите, но земајќи ги во предвид предупредувањата за ризиците од прекумерна употреба од истите по растот, развојот и здравјето на идните генерации, решението кое ние го предлагаме е нивна контролирана употреба и мотивирање за спортски и семејни активности во природа.
Ова беше втор ваков натпревар, од предвидените пет, организиран во рамки на оваа програма-„Училишта на 21 век“.