Започна со реализација последната фаза од проектот чие што финиширање ќе значи вода за пиење за жителите во Општина Карбинци од Х.С Злетовица.

„Започна со пробивање на трасата за изградба на пристапниот пат до пречистителната станица во Карбинци каде ќе следи и негово асфалтирање.Патот е во должина од 1.6км и е во рамките на проектот за поврзување на цевководите со населените места,“ информираат од Општина Карбинци.

Со завршување на проектот и по добивање на употребна дозвола 8 населени места ќе добијат чиста и здрава вода за пиење по европски стандарди.