Секторот за урбанизам на Општина Штип соопштува дека се организира повторна јавна анкета и јавна презентација по предлог-план за измена и дополна на ДУП за дел од населбата Горно Маало дел од УЕ 7, КО Штип 3, со тех. бр. 14/18, изработен од ЈП „Стипион 2011“, Штип. Опфатот е дефиниран со следните улици: „Борис Кидрич“, булевар „Партизанска“ и дел од улицата „Сане Георгиев“. Опфатот е со површина од 9.142,85 квадратни метри.
Повторната јавна анкета ќе трае пет работни дена од денот на објавувањето на соопштението, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот. Во тој рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкетното подрачје опфатено со планор можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Повторната јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 3 ноември во 13 часот во просториите на Општина Штип.