Преку еден компјутер ќе се управуваат уличните сијалици во Македонска Каменица, при што дневно ќе се заштедува и до 14.000 денари. Паметниот систем на управување на уличното осветлување, познат како ЕСКО, ќе сигнализира каде треба да се интервенира, а ќе има и други перформанси, кои водат кон економична потрошувачка на електрична енергија.
ЛЕД – енергетското штедливо осветлување е еден од најголемите проекти во општината, која и покрај состојбата со ковид, продолжува со инвестициите.
-Aко споменам дека дневната заштеда ќе изнесува 14.000 денари, ќе имаме в предвид колкава ќе биде заштедата понатаму и ќе имаме увид што е тоа што ќе добие Македонска Каменица, сликовито би претставила дека тоа е бесплатно осветлување по една улица секоја година. ЕСКО осветлувањето е модел, кој се применува во развиените граови во Европа, и со ова Македонска Каменица ќе биде еден од првите градови во Македонија со ваков систем, изјави Соња Стаменкова, градоначалник на Општина Македонска Каменица
Почетното инвестирање, понатаму ќе значи значително штедење на општинските ресурси.
-Вкупниот проект ќе чини 28 милиони денари, инвестицијата ќе се врати за шест години, што значи дека по шест години добиваме целосно функционално улично осветлување, во сопственост на општината, имајќи во предвид дека трајноста на една светилка е 100.000 часа или 25 години, изјави Стаменкова.
Пробло, во првата фаза се поставува системот на три улици во градот, додека од буџетот на општината ќе бидат заменети електрични кабли во должина од 43 километри во сите населени места.
Паралелно со оваа поголема инвестиција, интензивно се работи на целосното обликување на кејот на реката во централниот дел на градот и хортикултурно уредување. Директорот на Јавното претприојатие Влатко Андоновски најавува инвестиција од 16 милиони денари. Андоновски го нагласува инвестирањето во комуналната инфраструктура како и проектот за ослободување од азбестните цевки, со што Општина Макеоднска Каменица ќе биде општина без азбест.
-Сакам да го истакнам исфрлувањето на азбестот, како и изработката на проект за целосно исфрлање на азбестот. Со општината се изхрадени хлорни станици, а граѓаните добија бактериолошка чиста вода за пиење. Парлалено со тоа, изедовме над 3000 метри нова водооводна и канализациска линија. Во делот на механизација, започнавме со обновување на механизацијата, при што набавивме трактор со приклучна механизација, како што е даска за чистење снег и мучер за косење на тревата на косините, кажа Влатко Андоновски, директор на ЈП Камена Река
Јавното претпртијатие во соработка со општината започна проектот за обележување на шумски пешачки патеки, во должина од 10 километри во делот околу градот и Калиманско Езеро.