Од утре во скопската Зоолошка градина ќе биде отворен делот „Бејби Зоо“ посветен на подмладокот од постојаните жители на Зоолошката, најавија од Зоолошката градина на нивната официјална Фејсбук страница. По тој повод подготевно е видео код кое може да погледнете кое животничне ќе може да го видите од блиску, доколку утре ваша дестинација е скопската Зоолошка градина.

Поради новите мерки за заштита од Ковид 19, билетарата на Зоо Скопје ќе работи од 09:00- 17:00, секој ден.
Да потсетиме во изминатите две и пол години, скопската Зоолошка градина се збогати со нови животни и многу новитети интересни за посетителите. Токму тоа придонесе Зоолошката градина да прерасне во најпосетената институција во државата за 2019 и 2020, а исто така на прагот е да биде членка и на ЕАЗА ( Европска Асоцијација на акваируми и зоолошки).
Во продолжение уживајте во видеото: