Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за БРТ превозот, вели дека веројатно причината за агресивно наметнување на овој проект е лукративна цел, а проектот е штетен и ќе донесе еколошка катастрофа за градот Скопје.

„Верувам дека причината е лукративна, зошто некој се обидува толку агресивно на граѓаните да им наметне проект за кој нема одлука на Советот на Град Скопје, ниту граѓаните ја избрале во изборна програма, ниту во 2017 година им бил презентиран таков проект, а видовме дека сега на локалните избори не се одлучија за БРТ превоз“, рече Арсовска во вестите на Сител Телевизија.

Арсовска вели дека според информациите БРТ ќе беше своевидна еколошка катастрофа за градот, и нема да го реши проблемот со загадувањето. Воедно доколку се постави движењето на БРТ над главниот водоснабдителен систем на Скопје за питка вода за граѓаните низ Партизанска е ризично, а за истото говореше и претходниот градоначалник во 2017 година дека претставува ризик.