Во рамки на одбележувањето на 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалничката на општина Македонска Каменица упати честитки до своите сограѓанки и припадничките на понежниот пол. Во честитката упатена од градоначалничката Стаменкова се вели:
Почитувани,
По повод одбележувањето на 8-ми Март – Меѓународниот ден за правата на жените, сакам од срце на сите припаднички од понежниот пол да им упатам срдечни и искрени честитки.
По тој повод, до сите Вас, упатувам порака дека рамноправноста на жените во современото општеството е реалност.
Со силната поддршка кон активностите поврзани со унапредувањето политичкиот, економскиот и општествениот статус, го постигнавме највисокиот степен на рамноправност на жените во историјата.
Во иднина, ние жените нема да бидеме само процент на застапеност од принципот за родова еднаквост. Туку, ќе бидеме битна компонента во заедницата, пред се поради нашите способности, стручност, знаење и чесност.
Почитувани мои,
Среќен 8-ми Март!
Соња Стаменкова, Градоначалник на Општина Македонска Каменица
Во пресрет на Меѓународниот празник на жената, градоначалничката Соња Стаменкова ги посети вработените во јавниот и приватниот сектор во општина Македонска Каменица, каде со срдечни и искрени честитки за празникот на сите вработени што им подели осмоматровско цвеќе.