Во Македонска Каменица започнаа работите на изградба на пристапни патеки на улица „Индустриска“, улица „Церска“ и улица „Кејска“ како и изградба на паркинг простори и кратки пристапни патеки до колективните живеалишта во централното градско подрачје на Македонска Каменица.
Работите се во рамките на Договорот за бетонски работи и партерно уредување на површини склучен помеѓу општина Македонска Каменица и Друштво за градежништво,трговија и услуги ЕВРОГРАДБА-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ с.Владиевци, Василево.
-Во моментов се работи на уредување на паркинг просторот на улица „Самоилова“, како и уредување на пристапната патека на улица „Церска“, каде ЈП „Камена Река“ ги врши подготвителните активности околу поставување на подземините инсталации на водоводна и канализациона мрежа, соопштуваат од Општината Македонска Каменица.
За Договорот за бетонски работи и партерно уредување на површини општина Македонска Каменица од сопствениот Буџет ќе издвои 2.801.724 денари без вклучен ДДВ.