Женскиот фудбалски клуб ,,Каменица Саса” е шампион во Првата женска фудбалска лига во државата за сезоната 2019/2020.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за прекин на првенството со што заклучно со последното одиграно коло пред 12 март 2020 година, ЖФК ,,Каменица Саса” која беше првопласиран тим е прогласен за шампион на Македонија. Од екипата им честитаа на сите кои веруваа во девојките со што Македонска Каменица има шампион во својата спортска историја.

-По 14 одиграни кола, постигнавме 13 победи и имаме еден нерешен резултат со 73 постигнати гола и примени само 5 гола, со што нашата екипа е убедливо најдобра. Честитки за сите фудбалерки, сите во стручниот штаб, сите поддржувачи како и сите спонзори, истакнаа од ЖФК ,,Каменица Саса” по повод освојувањето на титулата.

Освен шампионската титула годинава поради своите одлични резултати, женскиот фудбалски клуб ,,Каменица Саса” од страна на здружението на новинари од истокот го доби признанието за најдобар спортски клуб во Источна Македонија.