Врз основа на донесената одлука на Советот на Општината, градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, објави јавен конкурс за доделување на традиционалните шестоноемвриски призананија и плакети за 2019 година.
JАВЕН КОНКУРС
за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2019 година
Се распишува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2019 година.
На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, организации од невладиниот сектор, образовни, спортски и културни установи и останати асоцијации на граѓани од општина Радовиш во сите сфери на општествениот и стопанскиот живот во општина Радовиш кои што постигнале вонредни резултати и успеси во својата дејност во 2019 година.
Потребни документи за поднесување се :
– Образложение за предлогот по Конкурсот ;
– Список на добиени награди и признанија во тековната 2019 година и копија од добиените награди (ако ги има добиено).
Период за доставување на документите од 09.10.2019 година заклучно со 20.10.2019 год.
Документите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш
Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2019 год.
Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледува