Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се сретна со претставници на трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие на Скопје – ЈСП.
„На средбата се разговараше за проблемите со коишто секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на квалитетни возачи, одржување на работилницата и проблеми поврзани со другите сектори, а стана збор и за конкретни преговори за правата на вработените, правилна распределба на платите, нови редовни вработувања, како и за потпишување нов Колективен договор“, информираат од Град Скопје.