Со хит претставата „Странци“ на Драмски театар – Скопје, стартуваше 22то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово.
„Присутните ќе ја погледнат претставата „Странци“ на Нела Витошевиќ, тоа е претстава која е втора година на нашиот репертоар.“ вели Игор Ангелов, актер од Драмски театар – Скопје.
Билетите се продадени за само три дена, се пофали Сашо Тодоровски, директор на Дом на култура „Трајко Прокопиев“.
„За годинешнава програма имавме формирано совет кој ги избра претставите. Имаме вкупно дванаесет претстави со театри од Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија, нормално и од Република Северна Македонија“.
Од ова културно збиднување, најзадоволни посетителите.
– „Секоја година редовно ги следам содржините на „Денови на комедијата“ во Куманово. Оваа година ќе посетам шест од понудените претстави на програмата “- ни откри еден од посетителите.
– „Кумановчани и сите кои ќе бидат овде во следните две недели ќе уживаат во понудените претстави во рамки на „Денови на комедијата“. Овој театарски фестивал е од големо значење во денешни времиња, она што најмалку можеме да им го овозможиме на граѓаните е да ги насмееме и на ваков начин да ги избегнеме секојдневните проблеми кои не опкружуваат.“ изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
„Денови на комедијата“ во Куманово нуди содржини до 15 октомври, кога е и официјалното затворање.