Љубителите на пишаниот збор во Македонска Каменица имаа можност да присуствуваат на поетско читање кое од страна на КИЦ Романса вчера беше организирано во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поезијата.
На поетското читање учестуваа ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ кои читаа дела од еминентни македонски автори- поети, додека учениците при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ презентираа стихови од светски познати автори.
Директорот на КИЦ Романса од Македонска Каменица, како организатор изрази големо задоволство од бројот на ученици кои земаа учество во настанот, бројноста на публиката и секако благодарност до професорите и предметните наставници во двете училишта кои го помогнаа одржувањето на првото литературно читање во Македонска Каменица како дел од одбележувањето на Светскиот ден на поезијата.