Понудивме програма правена врз основа на потребите и барањата на жителите на општина Карбинци. Две години остваруваме и реализираме. Од општина со блокирана сметка од 24 милиони денари успеавме да реализираме 74 проекти со вкупна вредност од 6.5 милиони евра, истакна градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев на отчетот на половина од неговиот мандат пред жителите од оваа општина.

„46 проекти се во целост се реализирани вредни 135 милиони денари или 2 милиони евра.Во тек се девет проекти што се реализираат. Вредноста на овие проекти е 100 милиони денари (1,5 милиони евра) и имаме уште дополнителни 2,8 милиони евра за уште девет проекти чија што реализација се очекува во следните две години„ рече Насев.
Тој информираше дека се заокружени и неколку проекти кои што биле затекнати од претходната власт.
„Во завршна фаза беше прочистителната станица за отпадни води во село Карбинци и која што чинеше околу 38 милиони денари. Исто така и од Светска банка имаше започнати три проекти-реконструкција на улица и Дом на културата во село Таринци и зелен пазар во село Карбинци. Затекнавме уште еден проект кој што беше на самиот почеток, во фаза на започнување на градежни работи.Станува збор за регулација на Козјачка река во населено место во вредност од 210.000 евра„ образложи карбинскиот градоначалник.
Се работеше на асфалтирање на патишта, улици, тротоари во повеќе населени места, а започна и реализација на проект од областа на туризмот во вкупна вредност од 28 милиони денари, рече Насев „Во рамките на овој проект се предвидени повеќе содржини-пристапен пат од еден километар, вештачка карпа, реконструкција на Планинарскиот дом во село Вртешка како и партерно уредување и одбележување на 14 патеки.
Во фаза на изработка е еден од поголемите проекти, мост од должина од 30 метри и ширина од 9 метри. Мостот е на влезот во село Карбинци на Козјачка река. Преку овој мост би добиле непречен проток на луѓе, стоки и услуги за жителите за Карбинци и другите населени места“, вели Насев
Остануваат за реализација на уште три капитални проекти кои што ја имаат целата поддршка од жителите и кои што во голема мера ќе го подобрат животот на жителите од општината.
„Најголем капитален објект, за кој што жителите дадоа поддршка е решавањето на водоснабдувањето на општина Карбинци. Ние сакаме да бидеме корисници на вода за пиење на Х.С Злетовица, овој проект чини 2,7 евра.
Со овој проект општина Карбинци би добила филтер станица за која предвидено опремување и технологија, пристапен пат и распределувачки цевководи од 18 километри со што ќе биде обезбедена вода за пиење за осум населени места или 3200 жители од населените места во општината.“ потенцира карбинскиот градоначалник Јордан Насев.
Во фаза на аплицирање е и проектот што треба да овозможи продолжување на левиот канал од системот за водоснабдување на ХС Брегалница. Со реализација на овој проект ќе се овозможи наводнување на околу 1200 хектари земјоделско земјиште.
На отчетот на градоначалникот на општина Карбинци присуствуваше и заменик министерот за Локална самоуправа Дејан Павлевски, кој како што рече Насев зел учество во изработка на програмата во која што беа внесени сите потреби и барања на жителите од сите населени места во општината.

Овде можете да го прочитате целиот отчет.