Нови садови за отпад во Струмица за унапредување на селецијата на отпад

Трета канта за селекција на отпад се додава на постоечките две во Струмица. Денеска  во дворот на ЈПКД „Комуналец“ се доставени нови 1212 канти за отпад. Дел од домаќинствата во Струмица ќе добијат трета канта за селектирање на отпад.

-Знаете лани доделивме втора канта за селекција на пластика и лименка, сега додаваме уште една, дополнително преку Министерството за животна средина обезбедуваме 50 контејнери со капацитет од еден метар кубен и дополнително имаме нови полуподземни контејнери со што бројката на полуподземни контејнери со капацитет од 5 метри кубни отпад е 27 и ја подига Струмица во однос на капацитетот за подобро менаџирање со отпадот, изјави градоначалникот Костадин Костадинов.

 

-Ова на сите нам како граѓани треба да ни биде порака дека како Општина и „Комуналец“ ќе сториме се за да овозможиме управување и менаџирање со отпадот, но нас, како граѓани, ни останува тоа да го штитиме, додаде Костадинов.

Околу 6.000 тони ѓубре годишно завршува надвор од контејнерите, сериозен предизвик за заедничко дејствување на Општината, Советот и „Комуналец“ во подигањето на свеста на граѓаните колку е важно одговорното однесување кон животната средина.